Познато првото име кое ќе си замине од Манчестер Јунајтед овој јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од Манчестер Јунајтед ја разгледуваат опцијата да го пуштат младиот Скот Мектомини на позајмица овој јануари.

Шкотскиот репрезентативец кој лани влезе во првиот тим на Манчестер Јунајтед не добива многу шанса оваа година, па веројатно ќе биде испратен на позајмица во некој клуб од Чемпионшип лигата.

За 22 годишниот фудбалер кој има само три натпревари од почетната минута во Премиер лигата најмногу притиска тимот на Астон Вила, а за него интерес има и од родната Шкотска.

На заминувањето на Мектомини најмногу ќе влијае тоа дали Маруан Фелаини ќе остане во клубот или ќе си замине оваа зима. Доколку Белгиецот замине, Мектомини нема да замине на заем за следните шест месеци.