Познат клубот во кој ќе продолжи Маруан Фелаини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Маруан Фелаини ќе стави крај на петгодишната авантура во Манчестер Јунајтед откако се согласил да потпише договор со кинескиот тим, Шандонг Луненг Таишан.

Белгискиот репрезентативец со Шандонг потпишал тригодишен договор, а сега се очекува само двата клуба да се договорат за оштетата што треба да се плати.

Се верува дека Манчестер Јунајтед е блиску да се договори со Кинезите и ќе ги пушти миленикот на Жозе Мурињо за сума од околу десет милиони фунти.