Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Тотенхем подготвил нови договори за своите најдобри фудбалери.
Од Лондон пристигнува информација дека Хари Кејн и Тоби Алдервајлд ќе добијат нови и подобрени договори.
Кејн ќе добие мега договор на дури 7 години, со неделна плата од 200.000 фунти и така ќе го заштитат од интересот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Кај Алдервајлд е исто така критична ситуацијата, затоа што има откупна клаузула од само 25 милиони фунти, а договорот му завршува во 2019-та година.
Наскоро се очекуваат и официјални потписи со тимот од Лондон.