Покетино се огласи по наводниот интерес за Џузепе Роси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем со излезе со свој коментар во јавноста по шпекулациите кои го поврзуваа Џузепе Роси со трансфер во клубот од Лондон.

„Петлите“ по повредата на Хари Кејн се поврзуваа со ангажман на 31 годишниот Италијанец кој во моментов тренира со Манчестер Јунајтед.

Хеунг Мин Сон е со селекцијата на Јужна Кореа на Азискиот куп, додека Фернандо Љоренте се поврзува со заминување од клубот.

Сепак, кога беше запрашан дали Џузепе Роси би можел да биде краткорочно решение за нападот на Тотенхем, Маурисио Покетино одговори: „Има многу имиња кои се поврзуваат во секој трансфер период. Мислам дека Роси е уште едно име кое се појави на таа листа, но тоа е само шпекулација. Не сме заинтересирани за него.“