Политиката нема место во спортот: ФИФА се закани дека ќе исфрли два африкански гиганти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги предупреди Нигерија и Гана дека ќе ги исфрли од меѓународните натпреварувања поради мешање на политика во спортот.

ФИФА соопшти дека Фудбалскиот сојуз на Нигерија до понеделник мора да се врати со избрано раководство.

Групата која тврди дека одлуката на судот е задолжена за нигерискиот фудбал ја презема зградата на Сојузот минатиот месец, додека претседателот Пиник беше во Русија на Мундијалот.

Ако тој не се врати на функцијата, репрезентативната селекција на Нигерија нема да може да настапува во меѓународни натпреварувања.

Џани Инфантино има даде рок до 27. август да ја сопрат судската постапка за распуштање на националниот сојуз.

Владата го распушти фудбалскиот сојуз на Гана поради корупција, но ФИФА тоа не го дозволува.

Документите покажаа дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Гана и член на Советот на ФИФА, Квеси Нјентакји прифати 65.000 долари од новинарите. Тој поднесе оставка, а ФИФА привремено го суспендираше.