„Пол секогаш се лути кога губи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Јунајтед против Сент Етјен ќе игра во четврток во ЕЛ.

Овој натпревар е интересен затоа што Пол Погба се сретнува со својот брат Флорентин.

Играчот на Сент Етјен зборуваше за дуелот со неговиот брат пред натпреварот.

„Знам уште од мали нозе колку е добар, но за него одлично е тоа што е во првиот тим на голем клуб. Се што ќе направи се следи 3 или 4 пати со поголемо внимание. Тој не сака да губи. Кога ќе изгуби, многу се лути.“

„Ние секогаш ќе бидеме зад него. Тој знае како е во нашето семејство. Без разлика дали ќе одиграме добар или лош натпревар, ние секогаш сме тука за него. МОже да ги освои сите трофеи на овој свет, но тој секогаш ќе биде мојот помлад брат.“