Поради кикс Вардар загуби од Стеауа во пријателски натпревар


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот шампион, Вардар ги започна пријателските натпревари во Анталија со пораз од Стеауа, 0:1.

Романците го постигнаа победничкиот погодок на натпреварот во 61-ва минута. Автор на погодокот беше Јаколис кој ја искористи грешката на Вардар.

Фудбалерите на Вардар имаа шанси за погодок на натпреварот, но не ги искористија.

Вардар следниот пријателски натпревар го игра во Анталија за четири дена против руски Амкар Перм.