Поради Меси пропадна најголемиот трансфер на летото: Реал експресно се вклучи во трката


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Филипе Кутињо треба да биде меѓу најбараните фудбалери во 2017 година.

Познато е дека Бразилецот е на мета на Барселона, а во игра се вклучи и ПСЖ.

Истотака, одличниот фудбалер на Ливерпул сака да го види и Реал во своите редови, баш како и челниците на Баерн, Јувентус и Милан.

Парижаните веќе зимскиот преоден рок го договорија доаѓањето на Хулијан Дракслер од Волфсбург, а доколку стигне и Кутињо ќе имаат навистина респектабилен офанзивен дел од тимот.

Фаворит за доведување на бразилскиот репрезентативец беше Барселона, а самиот играч откри дека кариерата најмногу сака да ја продолжи токму во Каталонија.

Сепак, навивачите на шпанскиот шампион немаат причина за радост бидејќи играчот за врска на Ливерпул сепак се одлучи да ја одбие Барса поради Меси.

Имено, шпанските медиуми тврдат дека причината е фактот дека позицијата на која игра талентираниот Бразилец е резервирана исклучиво за Аргентинецот.

На таа позиција клубот од Каталонија има уште неколку врвни играчи а Кутињо смета дека нема да може да дојде до израз и да израсне во најдобар играч.

Во целата таа приказна одма се вклучи и Реал Мадрид кој ја виде сликата шанса во целата ситуација, и според наводите на „Дон Балон“ се одлучија да се вклучат за доведување на најдобриот играч на Ливерпул.

Нејмар и Роналдињо во минатиот период пробуваа да го убедат својот сонародник да потпише за Барселона, но наговорите очигледно не вродија со плод.

Кутињо до повредата забележа одлична сезона. Во 13 дуели постигна пет голови и исто толку пати асистираше за гол, и беше главен играч на Редсите.