Поранешен англиски репрезентативец излегува од затвoр и бара клуб преку отворено писмо!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Адам Џонсон, наскоро излегува од затвор, откако пред неколку години беше осуден поради љубовна врска со малолетно лице.

Овој 31-годишен фудбалер беше осуден на шест-годишен затвор поради врска со 15-годишна девојка, а казната почна да ја одржува од 2016 година. но, Џонсон за неколку месеци ќе излезе од затвор по половина од казната.

Извор близок до неговото семејство вели дека Џонсон веќе испратил писмо до сите клубови во Англија. Тоа е молба за клубовите да му дадат уште еднаш шанса, зашто не сака да се откаже од фудбалот.

„Напиша отворено писмо за сите заинтересирани клубови. Искрено мислевме дека се шегува кога ни кажа, но ни кажа дека е сериозен. Не сака да се откаже од фудбалот“, вели неговата сестра Фаје.