Поранешен играч на Арсенал на чекор од Баерн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот магазин „Кикер“ пишува дека Баварците пикираа уште едно засилување за наредната сезона.

Освен двоецот од Хофенхајм, на Алијанц Арена во текот на летото ќе стигне и Серж Гнабри од Вердер.

Овој 21-годишен крилен фудбалер како олимписки вицешампион во минатото лето се врати во татковината бидејќи во Арсенал добиваше многу малку шанса. Ништо подобар статус немаше ни во Вест Бромвич Албион, каде што во минатата сезона претстојуваше на позајмица и тоа дополнително придонесе да го напушти островот.

Во Бремен се препороди, во досегашниот тек од тековната сезоан пружеше многу добри партии во дресот на Вердер, постигна 10 голови на 21 меч во Бундеслигата.

Тоа на луѓето од Баерн е доволно силен показател дека има квалитет да игра во најголемиот германски клуб, а со оглед дека Арјен Робен и Франк Рибери се при крај на кариерите, доаѓањето на Гнабри на Алијанц Арена значи продолжување на трансфер политиката на Баерн.

Гнабри во есента дебитираше за А репрезентацијата на Германија и на дебито забележа хет-трик против Сан Марино на квалификациите за Мундијалот во Русија.