Поранешната ѕвезда се враќа во Премиер лига: Евра доаѓа на позајмица во Вест Хем?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот француски фудбалер, Патрис Евра би можел да се врати во ПЛ.

Според медиумите, Јувентус е подготвен левиот бек да го испрати на позајмица до крајот на сезоната во Вест Хем.

Така Евра би се вратил во ПЛ, каде со години го носеше дресот на Манчестер ЈУнајтед и каде доби светска слава.

Единствен услов на Јувентус е враќање на Симоне Заза од позајмица од овој клуб и по се изгледа дека оваа замена би можела лесно да се направи.

Евра е член на Јувентус од 2014 година, а претходно играше 8 години за Јунајтед, 4 за Монако и 2 за Ница.