Поранешниот ГМ на Кливленд: “Ние сме виновни што Ирвинг сака да си оди”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако минатиот месец Дејвид Грифин беше отпуштен од позицијата Генерален Менаџер на тимот на Кливленд Кавалирс, тој сепак покажа интерес за ситуацијата во која се наоѓа тимот по барањето на Кајри Ирвинг да биде разменет во друг тим каде тој ќе биде играч бр.1.

Тој беше дел од ТВ-шоуто The Jump на NBA TV каде во разговор за потенцијалната размена на Кајри Ирвинг го изјави следното:

“Очекувам да биде разменет, да. Не мислам дека влошениот однос помеѓу него и тимот може да се врати во колосек. Ама не е само тој виновен туку ние сме сите виновни, велам “ние” затоа што сметам дека сум дел од проблемот.” – рече Грифин.

“Секогаш кога Леброн ќе пропуштеше натпревар ние (раководството) му соопштувавме на тимот дека не е страшно ако тие изгубат вечерта. Епа тоа сигурно лошо влијаеше на Кајри, кој добил впечаток дека не го цениме толку колку Леброн.” – заврши тој.

 

Кајри Ирвинг во моментов нема никаква комуникација со раководството ниту со никој од тимот на Кливленд Кавалирс и очекува да биде разменет пред почетокот на сезоната.