Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Порто и тренерот Нуно Еспирито Санто се разделија, откако тимот не успеа да ја освои титулата во Португалија.
Порто соопшти доцна во понеделникот дека тренерот се договорил за раскинување на договорот. Клубот не ги соопшти деталите, ниту кој ќе биде нов тренер.
Нуно минатата година го превзема тимот, која сезоната ја заврши на второ место со 6 бодови зад Бенфика и ќе игра наредната сезона во ЛШ. Бенфика ја освои 4-та титула по ред во Португалија.
Нуно е поранешен голман на Порто со кој освои 4 шампионски титули, ЛШ и куп на УЕФА. Тој во 2010-та година ја заврши кариерата во Порто.