Португалија третопласирана на Купот на Конфедерациите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Поргтугалија го освои третото место на Купот на Конфедерации откако со 2:1 ја совлада репрезентацијата на Мексико.

Мексиканците имаа изгладна ситуација за триумф, но на крајот актуелниот европски шампион направи пресврт и се радуваше на бронзата.

Најинтересен момент во првиот дел беше во 15 минута кога Силва не успеа да реализира пенал.

Вториот дел започна одлично за Мексико. Чичарито одлично помина по левата страна, центрираше кон Вела,  играчот на Сосиедад не ја зафати топката, но таа сепак заврши во мрежата на Португалците од ногата на Нето.

Португалија се спаси во првата минута од продолжението со голот на Пепе по одличниот центаршут на Рикардо Кварезма.

Во 104 минута беше досуден уште еден пенал за Португалија, а овој пат Нето успеа да го надмудри Очоа и така да го постави конечниот резултат.