Последен обид на Мурињо – Стигнува „карамела“ за десерт?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Јунајтед ќе се обидат уште еднаш.

Денес Јунајтед ќе проба да го скрши отпорот на Евертон со последната понуда за Шејмус Колман.

Ирецот е мета на Мурињо, десниот бек без проблеми би можел да избори место на стартер, поточно би се борел со Валенсија кој игра на таа позиција.

Во овој момент е јасно дека само непристојна понуда би го натерала Евертон да го продаде.

Сепак, играчот вели дека немало контакти и дека се подготвува за натпреварот со Стоук, но медиумите инсистираат дека денес ќе стигне понуда на „Гудисон Парк“.

Сепак, тешко може да се поверува дека Куман ќе попушти.