Последна пролет на Венгер? Што му остава на својот наследник?


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Наместо Санчез ќе пристигнат два фудбалери, но по се изгледа дека Французинот ќе замине од тимот.

Венгер е во тешка ситуација. Освен што мора да го продаде Санчез, поразот од Бурнмут го одалечи Арсенал од четвртото место.

Навивачите го губат се повеќе трпението, па ниту најавата дека ќе пристигне Обамејанг не го намалува нивниот бес.

Од друга страна, Обамејанг не е доволен, а Венгер сака уште два фудбалери, а засега не се откриваат нивните имиња.

Иако тој има договор до 2019 година, доколку не се пласира во топ 4, тогаш Венгер ќе биде наследен од Анчелоти.

Што се однесува до Италијанецот никој не знае, иако Венгер изјави дека е поголем оптимист од минатото лето за останувањето на Озил.

„Индепендент“ пишува дека во овој момент Венгер влегува во последната полусезона, а дека наследникот ќе има големи главоболки, без разлика како ќе завршат Озил и Санчез.