Последна шанса за Французинот – Мурињо не му простува на никого, па ниту на Погба!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо губи трпение со Погба.

Мурињо во текот на цела сезона го бранеше Погба од разни критики, но конечно и самиот се откажа од тоа и смета дека е време поранешниот играч на Јувентус да ги оправда вложените пари.

Голем виновник за лошите игри на Погба е Раиола, кој во договорот со Јунајтед стави голем број работи кои не се однесуваат на фудбалот, па овој беше приморан да исполнува маркетинг желби.

Не му се допаѓа тоа на Мурињо, па сака Погба да ја покаже вредноста на теренот. Во спротивно, Мурињо е подготвен да го испрати на клупата за резерви.