„Постои само еден клуб во кој Руни може да премине!“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Дејвид Мојс смета дека освен Јунајтед, постои уште еден играч од ПЛ за кој Руни би сакал да игра.

Во последно време се зборува дека Руни ќе замине од тимот на крајот на сезоната и дека ќе премине во Кина.

Некои медиуми споменуваат дека тој може да остане во ПЛ, но во некој друг клуб.

Поранешниот тренер на Евертон и Јунајтед, Мојс смета дека Евертон е единствен клуб во кој Руни би можел да игра.

„Мое мислење е дека постои уште еден клуб за кој би можел да игра Руни во ПЛ, а тоа е Евертон. Тој беше фантастичен во Манчестер. Сепак, тој е навивач на Евертон и мислам дека тие се во позиција да се договорат со него.“

Да потсетиме, кариерата на Руни започна во Евертон од кој во 2004 година премина во Манчестер.