„Потешко е да се бранат акциите на Бостон, отколку на Голден Стејт“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кливленд и Бостон играат во финалето на Истокот, а моментално води Кливленд со 3:1.

Сепак и без повредениот Томас, Бостон успеа да го изненади Кливленд во третиот натпревар во серијата и победија со пресврт. И во 4-от натпревар покажаа одлична игра и на полувремето заминаа со предност.

А во најава на 5-от натпревар, во кој Кливленд иа шанса да помине понатаму во НБА финалето во кое играат против Голден Стејт, тренерот на Кливленд, Лу изјави дека го почитува тимот на Бостон.

„Не размислувам за Голден Стејт. Фокусирани сме само на Бостон. Поради начинот на нивната игра, за мене е потешко да се браниме од нив, отколку против Голден Стејт.“