Почнаа отказите: Еден од најстандардните германски репрезентативци се повлече од репрезентацијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Арсенал и стандарден германски репрезентативец, Месут Озил пред половина час објави дека става крај на репрезентативната кариера.

29 годишниот фудбалер беше еден од најкритикуваните по срамната елиминација во групната фаза од Светското првенство во Русија на кое „панцирите“ забележаа една победа и два порази.

Озил на своите профили на социјалните мрежи постави три отворени писма на кои може да се прочита дека тој се повлекува од репрезентацијата, а како главна причина за тоа ги посочи непочитувањето и расизмот.

„Ова беше одлука донесена со тешко срце по големо размислување по неодамнешните настани. Повеќе нема да играм за Германија на интернационално ниво затоа што чувствувам расизам и непочитување“ –напиша Озил.