По четири досудени пенали, Стивен Џерард крена глас за петтиот?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Глазгов Ренџерс во саботата на свој терен го решија Сент Мирен со 4:0, а интересно е што три од четири погодоци беа постигнати од белата точка.

На екипата која ја предводи некогашниот играч и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард и беа досудени четири пенали од кои три реализираа.

Најпрво капитенот, Џејмс Травениер веќе во 3. минута погоди од белата точка за 1:0, а во 26. минута беше досуден и вториот пенал кој идтиот играч го промаши.

Во 55. минута беше досуден и третиот пенал кој повторно го реализираше Травениер и овојпат беше прецизен, а четвртиот пенал беше досуден во 80. минута кој овојпат го реализираше Дефо.

Интересна ситуација, за некои можеби малку и сомнителна, но менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард смета дека требале да добијат и петти пенал.

„Некогаш добиваш пенал, некогаш не. Судијата денес не го виде и петтиот единаесетерец за мојата екипа. Алфредџо Морелос беше фаулиран, и судијата мораше да покаже на белата точка“, изјави Џерард.

Ренџерси моментално се втори на табелта со три бода помалку од водечкиот Селтик, но и натпревар повеќе од лидерот на табелата.