По Јанг, уште еден играч на Манчестер Јунајтед пред продолжување на договорот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера е пред потпишување на нов договор со клубот.

Откако утрово излезе информација дека Ешли Јанг е во финални преговори за нов едногодишен договор со клубот, сега се појави вест дека истото ќе го стори и Андер Ерера.

Вчера пак медиумите во Англија пренесоа дека Маркус Рашфорд ќе потпише договор кој ќе го задржи на „Олд Трафорд “ до 2024 година, па така во следниот период може да бидеме сведоци на неколку продолжувања на договорите со играчите на „Ѓаволите“.