Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Белорусија од Мешков Брест во натпревар од 13-то коло во Лигата на Шампионите, 30:26.
Вардарци со серија од два погодоци стигнаа до водство, 2:4. Потоа се играше гол за гол се до резултатот 8:10. Ракометарите на Мешков Брест со два погодоци во низа го израмнија резултатот, 10:10.
Белорусите со три погодоци во серија стигнаа до првото водство на натпреварот, 14:12. Мешков Брест на полувреме имаше водство од два погодоци, 15:13.
Во второто полувреме со домашните стигнаа до четири погодоци предност, 18:14. Вардарци со два погодоци во низа намалија на два негатива, 20:18.
Домашните возвратија со иста мерка и повторно ја вратија предноста од четири погодоци, 22:18. Мешков Брест десет минути пред крајот на натпреварот имаа водство, 25:19. Со два погодоци во низа Вардар намали на 25:21.
Вардар на крајот загуби со 30:26.
Остроушко и Криштопанс со по 8 погодоци го предводеа Мешков Брест. Иван Чупиќ и Игор Карачиќ беа најефикасни кај Вардар со по 5 погодоци. Тимур Дибиров постигна 4, Алекс Душебаев 3, Данил Шишкарев, Лука Циндриќ и Мијајло Марсениќ по 2, Хорхе Македа, Жоан Канелјас и Вуко Борозан по 1 погодок.