Првиот ден од 2019. година клубовите потрошиле повеќе од 200 милиони евра на засилувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во првиот ден од 2019. година беше отворен и зимскиот преоден рок за клубовите ширум светот, а веќе во првите 24 часа се потрошени повеќе од 200 милиони евра.

Веќе се забележани повеке од 5000 трансфери, но засега не се случи ниту еден голем трансфер, главно се работи за играчи кои биле слободни или порано ги имаат договорено своите нови агнажмани.

Засега најголем трансфер објави кинески Гвангжу Евергранде, кој на Бенфика му плати 19.2 милиони евра за Андерсон Талиска. Одличниот офанзивен играч за врска беше на позајмица во Гвангжу, а сега кинескиот клуб го откупи неговиот договор.

Втор најголем трансфер направи Амаду Хаидара, кој за 18 милиони евра премина од Салзбург во Лајпциг, додека Беник Афобе за 13.5 милиони го засили Стоук од Волверхемптон.

Треба да се истакнат и трансферите на Аргентинецот Максимилијан Мезе од Индепендиенте во Монтереј за 13 милиони евра, и трансферот на хрватскиот голман Ловре Калиниќ од Гент во Астон Вила за шест милиони евра.