Прегратки на легендите – Дел Пиеро се прости од Тоти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франческо Тоти го одигра последниот натпревар против Јувентус.

Принцот на Рим на крајот на оваа сезона ќе се прости од фудбалот и Рома во која играше во последните 25 години.

Тоти е голема легенда на италијанскиот фудбал. Дека е така, покажаа и навивачите на најсилните тимови каде што Рома гостуваше.

Во Милан доби голем транспарент посветен на него, а вчера го големо воодушевување го поздравија и навивачите на Јувентус.

Тоти на теренот се сретна со Дел Пиеро. Легендата на Јувентус од трибини го гледаше натпреварот, а пред натпреварот ја искористи шансата да се поздрави и прости со Тоти.