„Предавникот“ Игуаин: Го разбирам бесот на Наполитанците!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Веќе реков се што мислам и не вреди да се враќате во минатото. Сега вртам нов чекор во кариерата и тоа е добро“, порача Аргентинецот.

Гонзало Игуаин предизвика вистински фудбалски земјотрес во летниот преоден рок ког аод Наполи премина во Јувентус. Навивачите од југот на таа земја, извесно, никогаш нема да му го простат овој потег и ќе биде персона нон грата во метрополата под Везув.

Проба во изјава за италијанските медиуми да ја објасни целата ситуација и испрати низа на убави зборови на Наполитанците.

„Наполи беше фантастичен чекор во мојата кариера. Навистина уживав таму. Градот, навивачите, екипата…

Навистина се наежував секој пат кога размислував за тоа дека во тој ист тим на Наполи играл Марадона и дека луѓето ме споредуваа со него. Навивачите на Наполи отсекогаш беа добри кон мене. Го разбирам нивниот бес, но одлуката за трансферот ја донесов од лични причини. Сакам и во оваа прилика да ги поздравам сите навивачи на Наполи“, рече убиствениот напаѓач.

Неговиот трансфер е вреден 90 милиони евра е рекорден кога е во прашње Серија А. Тој премин во Јувентус предизвика и гнев на претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис.

„Веќе реков се што мислам и не вреди да се враќате во минатото. Сега вртам нов чекор во кариерата и тоа е добро“, додаде Аргентинецот.