Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Младиот фудбалер на Ајакс, со секоја шанса која ја добива, докажува деа би можел да има кариера како својот татко.
Џастин Клајверт е син на легендарниот фудбалер на Милан, Барселона и Холандија, Патрик Клајверт.
Тој своето деби во сениорскиот тим на Ајакс го имаше уште во јануари, а поради неискуството на 17-годишниот играч, тој не добиваше многу шанса.
Сепак, откако влезе од клупата на натпреварот против Алкмар, Клајверт со неколку потези покажа за каков талент станува збор, а посебно се издвојува слаломот низ одбраната на Алкмар, при кој лесно помина 3 фудбалери.
На негова несреќа Крул успеа да го одбрани ударот кој го испрати Клајверт кон голот.