Пред точно шест години Реал Мадрид го донесе магионичарот – Лука Модриќ! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешен ден, пред точно шест години, Лука Модриќ пристигна од Тотнем во Реал Мадрид за 30 милиони фунти.

Навивачите не очекуваа ништо специјално од Хрватот, а познати се по тоа што речиси е полн стадионот кога играчите ќе дојдат на промоција.

Само шест месеци по трансферот на Модриќ, тој беше на листата на најлоши засилувања во Ла Лига за 2012. година, но како поминуваше времето Хрватот стануваше многу подобар.

Модриќ за Реал одигра 260 натпревари во сите натпреварувања, а со Реал освои една титула во Ла Лига, еден Куп, два Суперкупа на Шпанија, четири титули во Лигата на шампиони, три УЕФА Суперкупа и три ФИФА светски клупски првенства.