Преодниот рок уште не е започнат: Потрошени над 100 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како ни се приближува Нова година и почетокот на зимскиот преоден рок, така се повеќе шпекулации се појавуваат. Многу клубови сакаат да се засилат за да ги поправат грешките од летниот преоден рок.

Иако преодниот рок сеуште не е започнат, на 20 најскапи засилувања се потрошени повеќе од 200 милиони евра.

Најголем дел од тој износ е поради трансферот на Оскар од Челси во Кина, а веднаш потоа е трансферот на Габриел Хесус во Сити кој е договорен во текот на летото.

Тука е и доаѓањето на Ндиди во Лестер, откупот на Стеван Јоветиќ, но и голем број на трансфери во Русија, Мексико или Америка.

Топ 20 трансфери досега:

1. Оскар(Челси – СИПГ), 70.5 милиони евра
2. Габриел Жесус(Палмеирас – Сити), 32 милиони
3. Ндиди(Генк – Лестер), 17.8
4. Стеван Јоветиќ(Сити – Интер), 13.5
5. Ричедли – Базур(Ајакс – Волфсбург), 12
6. Родолфо Пизаро(Пачука – Гуадалајара), 10
7. Хернани(Атлетико ПР – Зенит), 8
8. Мигуел Алмирон(Ланус – Аталанта), 7.5
9. Џеронимо Рули(Сити – Реал Сосиедад), 7
10. Маркус Хенриксен(АЗ Алкмар – Хал), 5.3
11. Андреј Лунев(Уфа – Зенит), 3.5
12. Виктор Осимхев(Улт. Страјкерс – Волфсбург), 3.5
13. Александр Селиков(Амкар – Спартак Москва), 3.5
14. Урош Матиќ(Стурм – Копенхаген), 3
15. Јура Мовисјан(Спартак Москва – Салт Лејк), 3
16. Немања Николис(Легија Варшава – Чикаго), 3
17. Рафаел Ваига(Коритиба – Палмеирас), 2.77
18. Кристијан Клеменс(Маинц – Келн), 2.75
19. Адемилсон(Сао Паоло – Гамба Осака), 2.6
20. Денис Алибец(Астра – Стеауа), 2.04