Пресврт: Арнаутовиќ на Инстаграм објави дека…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот играч на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ за кого многу се пишуваше во изминативе неколку денови со порака на својот Инстаграм профил се огласи до јавноста.

Австрискиот репрезентативец објави дека ќе остане во клубот и покрај примамливата понуда која стигнала на негова адреса.

Во јавноста се шпекулираше дека за него има интерес од кинески клуб, а наводно и Арнаутовиќ бил подготвен да ја прифати таа понуда.

Сега, самиот играч потврди дека ќе остане во клубот, па така трансферот на Макси Гомез веројатно нема да се реализира.

-Драги фанови на Вест Хем, верувам дека не е тајна дека имаше понуда за мене и мора да признам дека понудата беше многу примамлива за мене и моето семејство. Давам 100% за клубот, но ми требаше време да разговарам со мојот клуб, мојата жена и моето семејство. Сега јас одлучив да ја оставам понудата на страна и да ги запрашам сите шпекулации. Јас сум професионален фудбалер и единствената работа во животот и е да играм фудбал. Јасно е дека Лондон и Вест Хем ми се како дом и се надевам дека фановите на Вест Хем го увидоа тоа. Клубот ја насочи мојата кариера на вистинска патека и токму затоа нема да ги разгледувам понудите за трансфер и ќе му помогнам на тимот да се искачи што е можно погоре на табелата и да го освоиме купот. Да се фокусираме на остатокот на сезоната заедно и да оставиме балончињата да летаат- напиша Арнаутовиќ на својот Инстаграм профил.