Пресврт во ситуацијата околу Марио Манџукиќ

Иако во последно време се повеќе се шпекулираше дека Марио Манџукиќ ќе си замине од Јувентус, сега стигнуваат нови информации околу ситуацијата на играчот во клубот од Торино.

Хрватот е пред продолжување на соработката со Јувентус и ќе потпише нов договор кој ќе го задржи во Торино до 2021 година.

Оваа вест ја потврди еден од најдобрите италијански новинари, Фабрисио Романо кој најави дека во следните денови и официјално ќе биде објавена оваа информација.