Пресврт во ситуацијата со Модриќ: Хрватот потпишува нов договор со Реал Мадрид ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел да остане на „Бернабе“ и следниот период и да го продолжи договорот со клубот.

Познато е дека за него има интерес од редовите на Интер, а и самиот Модриќ посакал да заигра во клубот од Милано.

Сега, според „АС“ лично Модриќ го известил раководството на Реал Мадрид дека сака да го продолжи договорот. Актуелниот договор на хрватскиот фудбалер е со важност до 2020 година.