Пресметката со Интер пресуди: Позната е судбината на Ди Франческо …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Римската волчица“ не успеа да оствари триумф против „Нероаѕурите“, но изгледа дека тоа нема да биде проблем.

Рома синоќа немаше среќа бидејќи ремизираше со Интер 2:2.

Општиот впечаток е дека деткуваната „Волчица“ беше подобар ривал, а една од причините за тоа можеби е и фактот дека играа за својот тренер.

Имено, Италијанците открија дека евентуалниот пораз од Интер би значел и отказ за Еусебио Ди Франческо, но сега ситуацијата значително се промени.

Тутоспорт јавува дека неговата позиција сега е сигурна поради ремито на „Олимпико“, и дека управата нема да менува ништо барем до Нова Година.

„Волчицата“ во 2018. година има и гостување кај Јувентус и Парма, а резултатите од тие дуели би можеле да ја скројат судбината на тренерот од римскиот клуб.