Пресметка во Буенос Аирес: Полицијата користела гумени куршуми и солзавец против навивачите! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ривер плејт по четврти пат во својата историја ја освија титулата во Копа Либертадорес, откако го совладаа лутиот ривал Бока јуниорс, а навивачите на нивниот тим претераа со славењето.

Веднаш по триумфот, улиците на Буенос Аирес беа преплавени со навивачи на Ривер, кои се степаа со полицијата, а биле повредени тројца полицајци.

Полицијата реагирала и ги гаѓала со гумени куршуми, како и со солзавец, а имало и приведени навивачи на Ривер.

„Најважно е тоа што имаме победник и на крајот немаше проблеми. Му се заблагодарувам на Флорентино Перез за спектаклот“, кажа Доминез, првиот човек на КОНМЕБОЛ.