Директорот на АМС Каевски се сретна со челниците на РФМ и МКФ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот директор на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), Дарко Каевски денес оствари средба со челните лица на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

На средбата станало збор за поддршката на агенцијата која ќе им ја даде во иднина на двете федерации.

ОД АМС се подготвени да ја интензивираат соработката со РФМ за да се издвојат повеќе средства, а приоритет да биде поддршката на нашите ракометари на Европското првенство кое ќе се одржи во Загреб во 2018 година.

Со МКФ се размениле мислења за тековните состојби во македонската кошарка, а целта на средбата била утврдување координацијата во работата на националните спортски федерации.