Претседателот на Баерн призна, имаше понуда од 100 милиони за напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн од Минхен е еден од клубовите кој најпаметно работи, добри се и резултатите и на финансиски план.

Германскиот шампион и еден од главните фаворити за освојување на овогодинешното издание на ЛШ, Баерн од Минхен, немаше многу работа во овој преоден рок.

Тоа и не е толку загрижувачки за навивачите, Карло Анчелоти знае што работи и има екипа за големи дела.

Тоа што во последните неколку месеци што ги загрижува навивачите е формата на напаѓачот Томас Милер, кој е далеку од таа форма во која што беше во претходната сезона.

Против Вердер од Бремен во претходниот викенд Милер немаше забележителен учинок, а заменет е веќе после час време.

„Не сум загрижен за Томас. Манчестер Јунајтед беше спремен да плати 100 милиони евра за него пред само година дена“, рече Ули Хенес, претседателот на Баерн.

„Нема сомнеж дека повторно ќе биде тој стариот. Во нормална ситуација, кога Томас е во форма и кога има висока самодоверба, ќе биде стартер во Баерн. Тој е нашиот клучен играч. Сепак, не сакаме да го инјектираме притисокот на тренерот кога е во прашање Томас Милер“, рече Ули Хенес.