Претседателот на Интер му одржал лекција на „бунтовникот“ Икарди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер се соочува со големи проблеми, откако полека почна да ја губи битката за топ-4 позициите во италијанската Серија А, откако нивната ѕвезда Мауро Икарди престана да настапува за тимот, наводно поради повреда, но тоа се случи веднаш по одземањето на капитенската лента.

Икарди преговараше за нов договор со управата на италијанскиот гигант, но неговата сопруга Ванда Нара не можеше да се договори, па почна караница со раководството на „нераѕурите“, кое реши да го санкционира Аргентинецот.

Претседателот на Интер, Стивен Жанг му одржал лекција на Икарди пред мечот против СПАЛ, откако испрати јасна порака до Аргентинецот.

„Клубот има некои вредности и јас сум горд поради нив, но сите мора да ги почитуваме, доколку сакаме слога во тимот. Доколку сакаме да бидеме моќни и на фудбалскиот терен, тогаш мора да почнеме да ги почитуваме вредностите и тогаш ќе пристигнат резултатите, но и наградата“, кажа Жанг.