Претседателот на Интер ја „лајкна“ фотографијата на Мурињо (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо предизвика големо внимание синоќа во Торино по мечот против Јувентус.

„Специјалниот“ по победата на својот тим од 2:1 одлучи со една гестикулација да ги испровоцира навивачите на „Старата дама“, па влезе во судир со Ленардо Бонучи, но се на крајот се заврши мирно.

По мечот, португалскиот стратег ја објасни својата постапка, па меѓу останатото порача дека навивачите на Јувентус го провоцирале постојано, а му го навредувале и „семејството Интер“, па подоцна морал да реагира.

Секако, таа изјава им се допадна на сите навивачи на Нерозаѕурите, но и на претседателот на овој клуб, кој „лајкна“ една од многубројните фотографии на Мурињо по мечот во Торино која се појави на Инстаграм.