Претседателот на Рома „пукна“: Уморен сум од ова ср**е… Се откажувам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Рома, Џејмс Палота кажа дека неговиот клуб е „ограбен“ во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Порто.

Рома беше елиминирана синоќа во осминафиналето во елитното европско натпреварување, откако по продолженија загубија од Порто со 1-3, додека во првиот меч беше 2-1 за италијанскиот тим.

„Минатата година баравме ВАР во Лигата на шампиони, зашто бевме оштетени во полуфиналето. Добивме ВАР и повторно сме ограбени. Патрик Шик беше фаулиран во казнениот простор. Уморен сум од ова ср**е. Се откажувам“, соопшти Палота.

По голот на Порто во 117 минута, Шик беше фаулиран во шеснаесетникот на португалскиот клуб, носудината Чунејт Чакир по консултација со видео-системот


реши да не покаже пенал.