„Примаме многу голови!“


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Раниери изјави дека одбраната мора подобро да игра затоа што одвај извлекле реми во 4-то коло против Дерби.

Ова беше уште еден лош натпревар за Лестер, но на крајот ги спаси Морган, кој израмни на 2:2.

„Мора да играме подобро во одбраната, примаме премногу голови. Една работа која што може да ја направиме, тоа е да работиме вредно и да бидеме фокусирани.“

Од друга страна, тренерот на Дерби, Мекларен изјави дека неговиот тим испуштил одлична шанса.

„Направивме се што можевме, наидовме на тим кој сакаше да победи. Нашиот карактер е фантастичен, одлично одигравме против шампионот на Англија.“