Пристигна и наградата за фантастичниот Бернардо Силва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва ќе потпише нов, подобар шестгодишен договор, пренесоа денес британските медиуми.

Како што наведе Скај, управата на Сити сака да го награди Силва со нов договор поради неговите добри партии во последно време.

Тој во 28 првенствени натпревари постигна пет погодоци и имаше седум асистенции.

Силва во 2017. година дојде во Сити од Монако, а стана стартер дури во декември, во сезоната во која Сити благодарение на рекорди оствари шампионска титула.

Скај пренесе дека преговорите се блиску до крајот и дека 24-годишниот фудбалер ќе прима неделна плата од 200 илјади фунти. Договорот ќе трае до крајот на сезоната 2024/2025.

Силва претходно освои титули во Португалија со Бенфика и во Франција со Монако.