Причината е многу интересна – Во Ливерпул се надеваат дека Стоук ќе заврши на 10-то место!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Стоук се наоѓа на 12-то место во ПЛ со реални шанси до крајот да го поправи својот пласман за неколку позиции.

Доколку тимот заврши помеѓу 10-те најдобри во лигата, ќе се радуваат и навивачите на Ливерпул и тоа поради интересна причина.

Двата клубови при продажбата на Ален се договорија дека ако Стоук заврши помеѓу 10-те најдобри, тогаш тие би морале да му платат 500.000 фунти на Ливерпул.

Ален во Стоук минатото лето стигна за 13 милиони фунти, а во првата сезона во Стоук ги воодушеви навивачите.

Тој во 30 натпревари постигна 6 голови и 1 асистенција.