Проблеми за Конте: Остана без ѕвездата пред вечерашниот натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стратег, Антонио Конте се најде во проблеми пред вечерашниот натпревар во Премиер лигата против Сандерленд.

Челси е во серија од одлични резултати и во моментов се наоѓаат на првата позиција и вечерва имаат прилика да освојат нови три бода за да му победнат на второпласираниот Арсенал на шест бода разлика.

Сепак, таа работа ќе биде потешка бидејќи се лишени од услугите на Еден Азар кој се повредил на вчерашниот тренинг и нема да биде подготвен за вечерашниот натпревар.

Азар не отпатувал со екипата во Сандерленд, а на неговото место во првата постава најверојатно ќе го завземе Вилијан.