Проектот „Нов Пујол“ има резултати – Пронајден е совршен фудбалер за Барселона(ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез долго време го следи играчот на кој му предвидуваат голема кариера.

Три години трае потрагата по млад фудбалер кој би бил наслединик Пујол. Неговото заминување е скоро непроценливо, па мора да се најде некој играч кој ќе биде достојна замена. Поради тоа Роберт веќе со месеци бара фудбалер на Стариот континент.

А изгледа Фернандез конечно најде проект на кој може да се создаде иднина на одбраната на Барселона. И тоа во соседството. Фернандез се врати во Барселона со список полн со белешки за тој играч. Станува збор за Маланг Сар, кој на 23 јануари ќе наполни 18 години.

Тој бараше и преку Европа, а во потесната листа на кандидати влегоа и Жори од Рен, како и Мончи од Севиља. Но, тоа не беше тоа, па и тој испадна од изборот. Потоа на листата дојде Иса Диоп. Силен, но технички лош играч на 20 години. А потоа Фернандез го најде Сар и остана без зборови.

182 см висок играч, брз, силен, зрел, интелигентен, технички добар играч е се што го карактеризира овој фудбалер. Кратките додавања му се скоро перфектни. Не е чудо што тренерот на Ница ја шокираше целата јавност откако му даде шанса на овој фудбалер.

Тој од тогаш го одигра скоро секој натпревар и беше еден од најдобрите играчи во Ница.

Сар ги покрива сите позиции без проблем, баш како што правеше Пујол порано и не сака многу да комплицира со топката, иако Фернандез како замерка му наоѓа во тоа што не е доволно прецизен при долги додавања.