Проклетството на Гутман ги следи и јуниорите на Бенфика!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во 1962-та година, Бела Гутман го проколна тимот на Бенфика, откако посака во наредните 100 години да не освојат ниту еден европски трофеј.

Најпознатиот тренер во историјата на Бенфика, тогаш го проколна тимот откако тие го игнорираа неговото барање за зголемување на платата, по што беше избркан од тимот.

Разочараниот Гутман не и прости на Бенфика ниту пред својата смрт во 1981-та година, а Еусебио го замоли да го направи тоа, но тој не сакаше.

Од тој ден, Бенфика играше 8 пати во финалињата на европските купови и ниту еднаш не го освои трофејот.

Уште поинтересно е што клетвата на Гутман се однесува и на младата селекција. Бенфика вчера изгуби во финалето на ЛШ за јуниори од Салзбург со 2:1, иако до 70-та минута водеше со 1:0.