ПРОНАЈДЕН АВИОНОТ во кој се превезуваше Сала


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Авионот во кој се превезуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала конечно е пронајден на дното на каналот Ламанш.

Приватната истрага која ја покрена семејството на Сала вроди со плод, па истражувачот Дејвид Меарнс утрово го пронашол трупот на авионот на дното на каналот.

Авионот од марката „Пајпер Малибу“ кој го превезуваше Емилијано Сала кон Кардиф исчезна од радарите над Ламанш на 21 јануари.

Семејството на Сала ја потврди оваа вест, а телата на Давид Иботсон и фудбалерот се уште не се пронајдени.