Протест во Мадрид: Навивачите бараат оставка од Перез! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа беше посрамотен на домашен терен од Ајакс со 1-4, па така го заврши своето учество во Лигата на шампиони во осминафиналето.

Ајакс одигра одличен меч, па благодарение на фантастичниот Душан Тадиќ, кој постигна еден гол и асистенција успеаа да се пласираат понатаму.

Навивачите не се задоволни со резултатите на Реал Мадрид, кој игра многу лошо, па ова е веќе четврти пораз на домашен терен по ред.

Навивачите решија да излезат пред стадионот и да бараат оставка од претседателот Флорентино Перез. Тие по мечот испратија јасна порака до управата.

„Флорентино, заминувај!“, порачаа разочараните навивачи на Реал.

Дали ќе има промени во „кралскиот клуб“ уште не е познато, но најверојатно наскоро ќе бидат познати повеќе информации.