Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ реши во јануари да го смени средниот ред, откако тие не сметаат повеќе на Адриен Рабио и на Ласана Дијара, по што тргнуваат по нови засилувања.
Парижаните со Зенит се договорија за трансфер на Леандро Паредес за 47 милиони евра, а многу блиск у се и до трансфер на фудбалерот на Наполи, Алан, кој вреди 70 милиони евра.
Меѓутоа, ПСЖ се обидува да го договори и Ренато Санчез од Баерн Минхен, кој нема ништо против ваков трансфер.
Првиот обид на Парижаните беше одбиен, но тие ќе се обидат да понудат парична сума плус Адриен Рабио, а таа понуда би можеле да ја прифатат Баварците.