ПСЖ го посакува Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Арсенал, Алексис Санчез е трансфер цел број еден за ПСЖ ова лето.

ПСЖ во овој преоден рок нема направено некоја „трансфер бомба“ но како што пренесува „Скај Спортс“ таа бомба ќе биде играчот на Арсенал и репрезентативец на Чиле, Алексис Санчез.

Санчез влезе во последната година од договорот со Арсенал, а за чилеанските медиуми истакна дека сака да игра во Лигата на Шампионите.

Ќе видиме дали Арсенал ќе може да одолее на понудата на парижаните ако се знае фактот дека Венгер пред само два дена истакна дека Алексис не е на продажба.