ПСЖ го прегази Селтик, Базел го изненади Манчестер Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со вечерашните натпревари беше комплетирано 5 коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

Во групата Б, ПСЖ и Баерн Минхен со очекувани победи се одвоија од Андерлехт и Селтик и во последното коло ќе одлучуваат кој ќе биде победник во групата.

„Светците“ на домашен терен го декласираа Селтик со 7:1 иако гостите од Глазгов први дојдоа во водство преку Дембеле уште во првата минута. Тоа веројатно само ги налути фудбалерите на ПСЖ кои до крајот до врв ја наполнија мрежата на Гордон.

Двата гола на Нејмар и головите на Кавани и Мбапе го решија прашањето на победникот уште по првите 45. минути, но во продолжение триумфот на домашните стана поубедлив откако Верати, Кавани и Дани Алвеш постигнаа уште три погодоци.

Баерн на гостувањето во Брисел славеше победа со 2:1 кај домашниот Андерлехт. По првото полувреме кое заврши без голови, Баерн поведе на почетокот на второто со голот на Левандовски. Домаќините изедначија преку Хани во 63.минута, но по 14. минути Толисо ја врати предноста на „Баварците“.

Базел во вториот натпревар од групата А изненадувачки славеше против Манчестер Јунајтед. Погодокот вреден три бода го постигна Ланга во 89 минута од натпреварот. Швајцарците така се доведоа до одлична позиција пред последното коло затоа што во моментов се на втората позиција со девет бодови, исто колку што има и ЦСКА која во последното коло гостува во Манчестер.  Базел пак ќе игра со отпишаната Бенфика која е најголемо разочарување во групата без ниту еден освоен бод.

Резултати:

ЦСКА Москва- Бенфика 2:0

Карабак- Челси 0:4

Анделрехт- Баерн 1:2

Атл. Мадрид- Рома 2:0

Базел- Манчестер Јунајтед 1:0

Јувентус- Барселона 0:0

ПСЖ- Селтик 7:1

Спортинг- Олимпијакос 3:1